ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ - ЗА МНОГУ ГОДИНИ ВЕЛИГДЕН ! 

Велика Сабота -  единствената сабота во годината, кога постот е строг (на вода).

   30/04/2016

 Велика Сабота  е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грбот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј символ е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат - денот на Второто Христово пришествие.


+++ Велики Петок

  29/04/2016

 Велики Петок  е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.


Најпрво, Христос бил одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашувал и Го затворил. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници и садукеи. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што казната била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај Понтиј Пилат. Пред него Христос е осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидувал да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управувал со таа покраина. Ирод Го исмева Исуса и повторно Го враќа кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол - трска.

Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можел да биде ослободен по волја на народот. И повторно, заблудената и поткупена маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се беси, исполнувајќи го и последното пророштво за него.

Исуса Го водат од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата бива извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). Евангелијата нагласуваат дека тука се исполнуваат уште два страшни псалми - псалмот 21 („Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“) и псалмот 68 („Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.“). Тука се исполнуваат и најситни детали - војниците фрлаат ждрепка за Неговите алишта, Му нудат оцет и жолчка, присутните презриво нишаат со главите свои. Покрај првите зборoви на 21 псалм, евангелистите забележуваат уште неколку други нешта кои Христос ги изговорил умирајќи на Крстот:

Се моли за Своите мачители: Оче, прости им, зашто не знаат што прават.
Му ветува на разбојникот распнат со Него: Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.
Погледнува кон Јована и ѝ вели на Својата мајка: „Жено, еве ти син,“ а потоа му вели на Јована: „Еве ти мајка“!
Небото ги покажуваше знаците на последните времиња: темнина на пладне. Исус гласно извика: „Жеден сум.“
Околу три часа по раснувањето, односно 3 часот по пладне, нашиот Господ умира на крстот. Повикува на висок глас: „Оче, во Твоите раце го предавам својот дух.“ (Лука 23,46 спореди Псалм 30,5). Свети Јован Богослов, пак, го споменува наклонувањето на главата, и Неговите последни зборови: „Свршено е.“ 

Денес е Голема среда – зошто овој ден е еден од најзначајните?

 27/04/2016

 Денес е Голема среда, на овој ден Јуда го предава Христос

Голема среда е тајната вечера на Божјиот син со апостолите, кога Исус вели дека еден од нив ќе го предаде.

На денот на Светата и Велика среда, Јуда отишол кај јудејските првенци и договорил предавството на Христа за триесет сребреници.

Од тој ден, поклонувањата за време на молитвата не престанале.

Голема среда обичај пак наредува да се бере здравец, претежно од децата, а на Велики петок треба да се раздава за здравје.

ГРУЕВСКИ : Следува потпишување на договорот со позната германска компанија „СТС Текстаил“ во Демир Хисар

Во гостувањето во вестите за Канал 5 телевизија претседателот на Вмро - Дпмне  Никола Груевски изјави дека следува потпишување на договорот со германската компанија која најави дека ќе почне со вработување од 150 лица но, која ќе достигне и до бројка од 1000   лица. Оваа инвестиција е доста значајна за Демирхисарскиот регион кој е доста неразвиен. Невработеноста е еден од најголемите проблеми во оваа општина поради што и многу од жителите на Демир Хисар и околните села се повеќе се иселуваат. 

 Во продолжение погледнете го целосното интервју.

05.08.2014, Среда

 

НЕ Е ЛЕСНО ВО ТУЃИНА... 

 Старото „БМВ“, кое го купив половно и го чувам во гаража од минатото лето за посетата на татковината, бидејќи на работа во Германија одам исклучиво со воз, а низ градот со велосипед, добро го исчистив. Купив нови навлаки за седиштата и го средив да изгледа како ново.

 
Жената и децата купија многу маици, фустани, панталони и уште некои ситници кои се на распродажба. Заедно со ќерка ми, ги фрливме пластичните кеси, а купените работи фино ги спакувавме во некои украсни и ги отстранивме цените, за да не се гледа колку сме платиле. Ја земавме целата годишна заштеда, жената малку отиде и во минус на картичката, па пред две недели отидовме во татковината, за да се одмориме, а потоа и да се вратиме со празни џебови.
 
Вака својата приказна за „Ал Џезеира“ ја започна еден сарајлија кој се одлучил да ги сподели неволјите кои повеќето припадници на дијаспората на БиХ ги доживуваат кога ќе се вратат дома.
 
– Секој месец испраќаме пари во Босна, бидејќи половина од роднините се невработени, а и тие што работат или примаат пензија, исто како и да немаат пари. Тие во нас гледаат некои магионичари и јас таа слика не смеам да им ја расипам. Некогаш ќе се обидев да има кажам како тешко работам, но овие моиве како да се глуви, никогаш не ме слушаат. Тие мислат дека мене таму во туѓина печени кокошки ми паѓаат од небото. Не сакам да се расправам со никој, но малку сум уморен од се во ова, од тоа што станав банкомат од кој се извлекуваат само пари – изјави тој.
 
Наведе како еден негов сонародник, кој исто така работи во странство, пред доаѓањето на годишен одмор во Босна подигнува мали кредити, за да може да биде тоа што го очекуваат од него роднините и да може да ги засити апетитите на поблиските и подалечните роднини. Годишно дијаспората на БиХ испраќа околу 1. 75 милијарди евра што е околу 30 отсто од БДП на оваа земја.
 
– Не сакаат само додека им испраќаме пари, а инаку за нив сме идиоти. Ни се смеат зад грб. Не еднаш сум слушнал кога влегуваме во кафеана да речат: „Уууу еве ви ја дијаспората, видете како се облекле!“ Некогаш стануваат и си одат а некогаш остануваат и гласно коментираат за нашиот акцент, кога ќе нафрлиме некој странски збор – се жали Аднан М. по потекло од Зворник, кој после последната лоша епизода од „одморот во татковината“ се одлучил да не доаѓа барем некое време.

Денеска е Св. Марија Магдалена

04.08.2015, Вторник

Извор: Skopjeinfo.mk 

Денеска е Огнена Марија - не работете и пазете се од громови!

 Четврток, 30.07.2015 


Извор : media.mk

СТАРЕЦОТ КОЈ ИМ ГО ДАЛ НАЈМУДРИОТ СОВЕТ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ КОИ САКААТ ДА ЖИВЕАТ СРЕЌЕН ЖИВОТ!

Често не сме ни свесни што самите си правиме. Следната приказна ќе ви ги отвори очите и ќе ви го тргне непотребниот товар од грбот. Константно сме во потрага по пари често заборавајќи на нашите најмили, на луѓето од нашето опкружување кои ни значат.

Го изгубивме системот на вредности и премногу внимание обраќаме на некои маргинални работи, воглавно материјални. На оние вистински вредности не потсети еден мудрец.

Се работи за Лазар Прељиќ од Голија кој има 89 години.

На прашањето што е заедничко за сите луѓе на светот, овој старец вели:

– Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа би сакале да бидат деца. Што го трошат здравјето како би стекнале пари, а потоа ги трошат парите за да го вратат здравјето. Што живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.

Потоа им дава многу важна порака на младите.

– Да научат дека никого не можат да присилат да ги сака. Дека не е највредно она што го поседуваат, туку кои се во својот живот. Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите. Дека не е богат оној човек кој има најмногу, туку оној на кого му треба најмалку. Да научат дека доволни се само неколку секунди длабоко да повредат некој сакан, а потребни се години да се излечи. Да сфатат дека постојат лица кои ги сакаат, но тоа не знаат да го кажат, ниту покажат. Да науачат дека со парите може да се купи многу, освен среќа. Дека две лица можат да набљудуваат иста работа, а сепак ја гледаат различно. Да научат дека вистинскиот пријател е оној кој ги знае сите твои мани, а сепак те сака, додава Лазар. 

Извор: popara.mk

Направи сам: Прекрасен базен во дворот од дрвени палети


 Голем мерак е од летните горештини да се разладиш во базен во дворот. Меракот е уште поголем ако базенот си го направиш со свои раце. Следува чекор по чекор фото-упатство.

ПЕСНАТА ЈА ИЗЛЕЗИ ЃУРЃО  ИЗВЕДЕНА ВО ШОУТО ,,ПИНКОВИ ЅВЕЗДИ" 

Песната ,,Ја излези Ѓурѓо" после преработката на бендот ,,Некст Тајм" станува се попопуларна меѓу младите. Имено оваа прекрасна македонска патриотска песна беше испеана во шоуто на ,,Пинкови Ѕвезди"  од страна на 21- годишниот Дејвид Стојков. Момчето од Пробиштип со својот настап успеа да добие 4 столици. Ова е гордост за секој македонец, посебно за жителите на с.Прибилци и Демирхисарскиот регион кој добро е познат по убавите песни и патриотскиот дух. Ова е само еден пример како треба да се негува Македонската народна песна, да се надеваме дека ова темпо и понатаму ќе продолжи.           Некст Тајм, Дејвид, благодариме !

Во продолжение проследете го настапот на Дејвид. 

Ќе започнат археолошки истражувања на античкиот град Брианион во Демир Хисар

 Тим на истражувачи од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија, предводен од директорот Виктор Лилиќ Адамс, летово ќе изврши прелиминарно археолошко истражување на еден од најважните археолошки локалитети во Демир Хисар, раноантичкиот град Брианион. Тимот од искусни стражувачи, со помош на најсофистицирана детекторска опрема, ќе врши површинско истражување, а сите пронајдени примероци ќе останат во наследство на општината како почетен археолошки фонд за отворање на локална музејска поставка.

Истражувањето ќе биде спроведено во дел или два, се договорија градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилкиќ Адамс. Истото треба да биде почетна иницијатива за спроведување на поголеми и посеопфатни археолошки истражувања на територијата на целата општина каде што досега не е извршено никакво истражување, иако се регистрирани над 100 археолошки локалитети.

Преку ова таканаречено прелиминарно археолошко истражување кое што во оваа фаза ќе се спроведе со заедничка техничка, стручна и логистичка поддршка на Општината и Управата, градоначалникот Блажевски гледа долгорочен бенефит кој ќе обезбеди дополнителни стручни сознанија за локалитетот, но и ќе поттикне поширока јавна и институционална поддршка и интерес за потемелни истражувања, како на овој така и на останатите локалитети во општината.

Локалитетот Брианион зафаќа површина од 12 хектари. Одбран е бидејќи се смета дека бил центар на целиот рудоносен регион Дериоп. Бил изграден во раната антика. Во доцната антика врвот бил повторно укрепен, со малтерно обѕидие зајакнато со 8 кули.

Извор: http://tvorbis.com.mk/?p=8430

СЕЛСКИ ЗЕЛНИК - РЕЦЕПТ 

Извор:http://sezahrana.tumblr.com/post/76346012826/selski-zelnik-so-praz

 

СО ПОМОШ НА ЈАПОНЦИТЕ, ДЕМИР ХИСАР ЌЕ КУПУВА НОВО ПРОТИВПОЖАРНО  ВОЗИЛО

 Во канцеларијата во Скопје на Јапонската амбасада во Виена, се потпишаа договори од програмата за поддршка на мали грантови за јапонската фискална 2014та година во вкупен износ од 260 000 евра. Грантовите се доделија на 4 апликанти од Република Македонија и тоа, Општина Жупа за набавка на амбулантно возило и возило за домашна посета во вкупна вредност од 54 700 евра, набавка на опрема за Универзитетската клиника за радиологија во вреднос од 75 500 евра, и 54 000 евра за Општина Велес за рехабилитација на заеднички простории на три училишта.


Четвртиот апликант, Општината Демир Хисар, доби грант во вредност од 75 885 евра за опремување на противпожарната единица со ново противпожарно возило. Договорот за доделување на грантот го потпишаа градоначалникот Љупчо Блажевски и третиот секретар во амбасадата на Јапонија во Виена, Митсунори Огасавара.


Со набавката на новото противпожарно возило што треба да се случи до крајот на првата половина од оваа година, речиси целосно ќе се заокружи неколкугодишниот заеднички проект на Пелагонискиот Плански Регион и Општината Демир Хисар за техничко опремување и оспособувањето на територијалната противпожарната единица. Изминативе 4-5 години беа набавени и поставени 20 јавни противпожарни хидранти во градот и неколку поголеми населени места, а минатата година беше спроведена и втората завршна фаза од проектот за набавка на животоспасувачка опрема за сите 12 пожарникари.

Грантот на Јапонската влада е седми што за нецели три месеци влезе во општината Демир Хисар. Вкупната вредност на сите грантови изнесува околу 

90 000 евра.


09 МАРТ/MARCH 2015 11:30

 

Сите знаеме дека кумство не се одбива - знаете ли зошто?

 


09 МАРТ/MARCH 2015 09:00 (Извор: Сител)

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 09.03.2015 

07 МАРТ/MARCH 2015 20:35( Извор : Доказ.мк / www.dokaz.mk )

EВЕ КАКО ЕВН ВЕ КРАДЕ, МЕЈЛ ОД ПОРАНЕШЕН ОЧИТУВАЧ НА СААТИ ВО КОМПАНИЈАТА

07 МАРТ/MARCH 2015 11:12 

Официјално известување: Нема поскапување на Црковните обреди во Преспанско-Пелагониската епархија

23 ФЕВРУАРИ/FEBRUARY 2015 12:00

Денес е чист понеделник - Почнуваат Велигденските пости

 Денеска започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги “држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота – Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благоец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

Make a Free Website with Yola.