ВАНДАЛИ ГО УНИШТУВААТ УЧИЛИШНИОТ ОБЈЕКТ ВО ПРИБИЛЦИ

Денес при посета на училишниот објект во Прибилци наидовме на непосакувана глетка. Пластични шишиња, искршени клупи, искинати карти и расфрлени хартии кои останале од минатите генерации да служат како доказ за тоа дека некогаш имало детски џагор во него. Имаше и пред овие генерации други кои можеа да го вандализираат овој објект од кој излегоа многу генерации пред нив. Но, ниту една пред нив не се осмели да го уништи како тие сега. Бараме од Општитната и надлежните институции да побараат оштета од вандалите кои си дозволиле а, можеби и истите поминале школски денови тука. Овој објект се користеше како училиште, се корисити и за гласање на изборите но, понекогаш се организираа и собири. Сега не постојат такви услови, за жал. Уште еднаш апелираме да се превземат мерки од страна на општината Демир Хисар и надлежните институции за заштита на овој објект, да го спречат вандализмот и уништувањето. Ионака времето го уништува, премногу е и од човечка рака. Овој објект кој не навраќа на спомените од детството и кој може да се користи  за собири и за избори да се зачува како што му доликува. Ова што е направено е недозволиво и сите кои учествувале во уништувањето се надеваме дека ќе бидат казнети на некој начин се со цел за друг пат истото да не им се повторува. 











Make a Free Website with Yola.